Зголемен извоз на жито од Украина годинава
Украина извезла за 8 отсто повеќе жито и мешунки на годишно ниво за фискалната 2021/2022 година, која заврши на крајот на јуни, и покрај руската инвазија, јави ДПА. Во количини извезени се вкупно околу 48,5 милиони тони, што е повеќе од 44,7 милиони тони пријавени за фискалната 2020/2021 година, потврди Министерството за земјоделство во Киев.
Сепак гледано само за јуни, извозот е намален за 44 отсто на годишно ниво и падна на 1,4 милиони тони, а причината е прекинот на извозот по морски пат.
На годишно ниво пораснал и извозот на пченица, гледајќи го посебно, за финансиската 2021/2022 година исто така бележи пораст на годишна основа и тоа за повеќе од 12 отсто, достигнувајќи 18,7 милиони тони.
Сепак, мора да се признае дека извезените количини за јуни се за речиси 80 отсто помалку во однос на истиот месец лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…