Зголемувањето на минималецот утре на дневен ред пред пратениците

t

Од ССМ порачаа дека очекуваат пратениците едногласно да го поддржат зголемувањето на минималецот, а од Талат Џафери побарале нивните нивни претставници да бидат присутни во Собранието на седницата кога законските измени ќе се најдат на дневен ред.

Измените на Законот за минимална плата со кои таа се зголемува од 15 200 на 18 000 денари, утре ќе се најдат на пленарна седница во Собранието.

Откако вчера измените поминаа на владина седница, денеска ги добил и претседателот на парламентот, Талат Џафери, кој со нив го дополнил дневниот ред за седницата закажана за утре.

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска порачаа оти очекуваат пратениците едногласно да го поддржат минималецот од 18 000 денари.

„Имајќи предвид дека сите политички партии и пратеници веќе се изјаснија дека ќе го гласаат законот, нашите очекувања се дека пратениците едногласно ќе го донесат законот со кој ќе се зголеми минималната плата што ќе влијае и на зголемување на останатите плати во државата. ССМ побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери, согласно неговите надлежности, да овозможи претставници на ССМ (членовите на Економско – социјалниот совет) да имаат можност да ја следат седницата во парламентот“, рекоа денеска од ССМ.

Договорот за покачување на минималецот беше постигнат во понеделникот вечерта, по неколку дена разговори меѓу ССМ, Владата и организацијата на работодавци. Според договореното, работодавците ќе ја покачат минималната плата, а за покривање на трошоците за придонесите за работниците ќе помага и државата. Новиот минималец ќе почне да се исплаќа со мартовската плата.

„Со договорот работодавците ќе го покријат целокупното нето зголемување на платите за своите вработените кои се на минимална плата. Државата, пак, ќе ја покрие целокупната разлика во делот на придонесите од сегашната минимална плата од 15 200 денари до онаа која ќе се исплаќа за март од 18 000 денари. Станува збор за удел од страна на државата од околу 16 милиони евра до крајот на годината. Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните.“, рече премиерот Димитар Ковачевски вечерта кога постигнат договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…