Зголемувањето на нивото на морето поради климатските промени ќе ја чини Европа 872 милијарди евра до 2100 година
Зголемувањето на нивото на морето поради климатските промени ќе ја чини Европа 872 милијарди евра до 2100 година. Најзагрозени области се делови од Италија, Франција, Холандија, Данска и земјите од Балтикот, се вели во студијата објавена во научното списание Scientific Reports.
Резултатите од студијата сугерираат дека е неопходно да се воведат економски мерки за регионите на кои им се заканува пораст на нивото на морето, велат авторите на студијата.
Истражувачите го симулираа потенцијалното економско влијание на порастот на нивото на морето во 271 европски регион од сега до 2100 година, во сценарио кое претпоставува високи нивоа на штетни емисии и без мерки за заштита на крајбрежјето.
Според тоа сценарио, Италија би била меѓу најтешко погодените земји.
Целните инвестиции во логистиката, јавните услуги и градежништвото би можеле да ги намалат потенцијалните економски загуби од порастот на нивото на морето, заклучуваат научниците.
Истражувањето го спроведе холандскиот технолошки универзитет Делфт во соработка со Европскиот институт за економија и животна средина во Милано и Универзитетот Ка Фоскари во Венеција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Барбов покажа дека работи за криминалното…
Дали има нешто во кое не се…
Рама ги обвини Иран и Русија дека…
Албанскиот премиер Еди Рама повика на смиреност…
(Видео) Вартоломеј од Софија повика на мир…
„Во овој момент светот има исклучителна потреба…
На протестите во Франција учествувале околу 480…
На протестите одржани вчера ширум Франција, по…
Рама тврди дека неутрализирале дрон со експлозив…
Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека пред…