„Здрава котлина“ поднесе кривична пријава против градоначалникот на Ново Село
Еколошкото здружение „Здрава котлина“ од Струмица поднесе кривична пријава против актуелниот градоначалник на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, поради, како што велат, сериозни прекршувања на законите и загрозување на животната средина и јавниот интерес.
„Пријавата, составена на 125 страници и поткрепена со обемна документација и технички докази, се темели на конкретни факти и укажува на организирано и систематско кршење на законите од страна на градоначалникот и негови соработници. Оваа постапка е ветена од здружението веднаш по првите граѓански протести и особено по растечката репресија, која кулминира со поднесување кривични пријави и приватни тужби против граѓани за објави на социјални мрежи, како и со злоупотреба на јавната функција и оневозможување на јавни услуги. Ниту еден избран функционер не е над законот — и ова треба да биде пример за сите“, велат од Здружението.
Од таму велат дека биле откриени нови индиции за дополнителни незаконски дејствија и во наредниот период ќе бидат поднесени нови кривични пријави за најмалку две сериозни кривични ситуации.
„Исто така, бараме: вонредна и целосна државна ревизија на работењето на општина Ново Село — со посебен акцент на финансискиот и урбанистичкиот сектор, архивирањето и правниот промет; Поддршка за граѓаните кои се подложени на притисоци и нарушување на нивните права од страна на градоначалникот како носител на јавна функција и неговиот татко како соучесник во извршените нелегални дејства и расветлување на злоупотребите што ги трпат сите кои не се согласуваат со политиките на градоначалникот и неговото блиско опкружување.“, пишува во соопштението од „Здрава котлина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелони го поздрави успехот Алтернатива за Германија
Крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)…
Затвор до 10 години за величење воени…
Црна Гора би можела да воведе затворска…
Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско…
Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе…
По остварена средба со претставници на дел…