Здравствената состојба на папата Франциск и натаму е лоша
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск поради лошата здравствена состојба денеска не беше во можност да ги прочита своите белешки ниту сам да се качува по скалите на својот папамобил.
Поради долготрајни проблеми со дишењето и подвижноста, 87-годишниот папа побарал од својот помошник на плоштадот „Свети Петар“ да прочита запис од катихизисот.
Папата Франциск беше хоспитализиран минатата недела, а потоа беше подложен на дијагностички тестови, чии резултати не се објавени.
Оваа зима тој наизменично страдаше од (како што соопштија тој и Ватикан) настинки, напади на бронхитис и грип. На крајот на минатата година, Франциск беше подложен на КАТ скенирање со кое беше отфрлена пневмонија, но папата сепак беше принуден да го напушти патувањето поради тежок напад на акутен, инфективен бронхитис.
Поглаварот на Римокатоличката црква страда и од последици од скршено колено и воспаление на лигаментите, поради што од 2022 година користи инвалидска количка, но најчесто успевал да се заобиколи со помош на бастун.
Меѓутоа, денеска се чинеше дека папата не можеше да се искачи ниту неколку скали за да се качи во својот папамобил на крајот од аудиенцијата, дури и додека се држел за ограда.
Асистентите набрзо му ја вратија инвалидската количка и тој повторно седна во неа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски изрази солидарност со Холандија и Шведска…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…
Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…
„Антропик“ со 81,3 милијарди долари го собори…
Американската компанија за развој на вештачка интелигенција…
В сабота мирен протест во Охрид против…
В сабота од 12 до 14 часот…
Хрватска ги запира преговорите на Црна Гора…
Хрватска не сака прашањето за разграничување на…