Здравствените закони ќе одат на ремонт за да се синхронизираат, најави Алиу

t

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека 12 здравствени закони ќе бидат синхронизирани со цел да се овозможи подобро функционирање на јавно-здравствените процеси. Се работи за закони за евиденција во областа на здравството, Законот за здравствена заштита, за лекови и медицински средства, за јавно здравје, за здравствено осигурување, за заштита на населението од заразни болести, за заштита од пушењето, за ин-витро оплодување, комплементарна и алтернативна медицина, за пресадување делови од човечкото тело и за здравствена и санитарна инспекција.

Сите закони ги анализираат експерти од лекарски здруженија, комори и синдикати, како и тимови од Министерството за здравство.

Според Алиу изборот на овие 12 закони не е случаен. Има работи кои не се законски предвидени а и неусогласености меѓу нив.

-Затоа ги отворивме тие 12 закони, работните групи веќе анализираат и сега идејата е да бидат синхронизирани со цел процесите во здравствениот систем да не се кочат. Работните групи веќе имаат анализа а денеска ќе анализираме како може да се додадат нови членови во законите. Овие закони не се нови, туку ќе бидат обработени и адаптирани да бидат синхронизирани еден со друг,  кажа Алиу. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонка во Австралија ја уби 85 годишната…

Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во…

Македонија со европско сребро, Ана Бергер со…

Македонија е европски вицешампион во параглајдинг, а…

Зеленски ги санкционира руските креатори на цртаниот…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…