Здравствени експерти од САД: Откриени нови симптоми за сојот Омикрон
Инфекцијата со новата варијанта на корона вирусот омикрон се разликува по неколку симптоми од делта сојот, првенствено во тоа што инфицираните со омикрон не губат мирис и вкус, но сега научниците открија и нов симптом.
Здравствените експерти од Американскиот центар за контрола на болести наведуваат дека еден од симптомите на инфекција со сој омикрон може да биде бледа, сива или сина нијанса на ноктите, усните или кожата. Тие предупредуваат дека синкавата боја на кожата, усните и ноктите може да биде знак за ниско ниво на кислород, што е многу загрижувачко.
Иако се смета дека сојот омикрон се шири многу побрзо од претходно познатите варијанти на новиот корона вирус, студиите покажаа дека е поблаг од другите видови, а првите извештаи од Велика Британија откриваат дека ризикот од хоспитализација е 50 до 70 проценти помал отколку од инфекција со делта сојот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…