Здравство преговара со Фајзер за набавка на лек против Ковид-19: Кога би можеле да го добиеме?

t

Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19, но сè уште единствен начин за излез од пандемијата и укинување на превентивните како носење маски, дезинфекција и дистанца, е зголемување на процентот на имунизација на населението.

Според министерот за здравство Беким Сали со ова темпо на имунизација, државата ќе се најде во ситуација пандемијата во светот да заврши, а кај нас да продолжи уште некој месец, со оглед дека во Данска и Велика Британија кои ги укинуваат мерките имаат процентот на вакцинација од 86, а во Италија – 91 отсто, додека кај нас е 41 процент.

– Вакцини има и се безбедни. Низ државата има околу 40 вакцинални пунктови и доволно е граѓаните само да пристапат и се вакцинираат, изјави вчера Сали.

Според министерот за здравство Беким Сали, иако сме во преговори со „Фајзер“ не треба да се чека кога ќе стигне лекот, бидејќи веќе имаме вакцина за која научно е докажано дека засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита на здравјето.

– Изразивме иницијален интерес дека сакаме да пристапиме кон преговори за набавка на лекот, но кога ќе биде тоа не можам да прецизирам. Изразивме интерес и пристапивме конкретно кон следна фаза на преговори и договор за набавка, изјави вечерва Сали во гостувањето на телевизија Канал 5.

Досега во земјата вкупната бројка на Ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 282.147. Бројот на оздравени пациенти е 261.741, а на починати 8.658. Бројот на активни случаи изнесува 11.748.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…

Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…