Здружение на Лекари Специјализанти: Бараме поддршка од наставниот кадар и сите лекари, во моментов добиваме месечен надоместок од 26000 денари

t

Здружение на Лекари Специјализанти – ЗЛС во знак на подршка на претстојниот протест испрати маил до сите катедри на Медицински факултет Скопје со цел циркуарно спроведување на барањето за подршка на приватните специјализанти. Почитувани наставници се надеваме на Вашата подршка, опшествена и морална одговрност кон помладите колеги.

Почитувани,
Ви се обраќаме Вам како наставен и научен кадар на Медицински факултет- Скопје, од името на приватните специјализанти кои ја обавуваат специјализацијата на Вашите Клиники. Знаете дека иако сме приватни специјализанти нашите должности и обврски ги обавуваме рамо до рамо со државните специјализанти, а тоа подразбира работа со полно работно време, работа во амбуланти и дежурства.

Во моментов добиваме месечен надоместок од 26000 денари, се водиме како невработени лица, со договор на дело, без ни еден ден стаж во тек на 6 години специјализација и без здравствено осигурување. Ние самите даваме здравствена нега на пациентите, сме изложени на ризик од болести, а при тоа немаме здравствено осигурување со кое ние би се лекувале.

Бидејќи и ние приватните специјализанти сме составен дел од здравствениот систем, но со третманот кој го добиваме и немањето на слух за нашите проблеми од страна на Министерството за Здравство ,се чувствуваме исклучени од истиот, на ден 27.03.2024 во 11ч ќе излеземе на протест пред Министерството за Здравство.

Бараме од Вас како наши едукатори и ментори да покажете општествена одговорност со тоа што ќе не поддржете на нашиот протест и ќе ги поддржите нашите барања, бидејќи ние сме иднината на здравствениот систем, ние сме дел од функционирањето на здравствените установи.

Целта на протестот е да се врати достоинството на младите лекари, да се подобрат нашите услови за живот со што ќе се спречи масовната миграција на младите лекари во Европските држави, а со тоа ќе се спречи колапсот на здравството поради дефицит на лекари.

Приватните специјализанти ја очекуваме Ваша јавна поддршка со присуство на најавениот протест.
Со Почит
Приватни специјализанти

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…

ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…

) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…