Зеколи: Оваа класа политичари полесно ќе се откаже од Делчев отколку од Тито

t

Според поранешниот дипломат Арсим Зеколи нема договор кој гарантира „спас“ на еден јазик или пак договор кој забранува постоење на јазик или идентитет. Тој смета дека со негирањето од страна на Бугарија кон Македонците и нивниот јазик, се бетонира македонскиот идентитет.

„Кога сте во конфликт и добивате протоколарно прифаќање дека тоа е дијалект на бугарскиот, но исто така се гарантира и еден глобален факт дека прифаќате дека има нешто што е различно од вас. Ова е успехот на Бугарија во издигањето на идентитетот и цементирање на македонскиот идентитет и јазик“, посочи Арсим Зеколи.

Пристапот на Бугарија кон Македонците и македонскиот јазик, Зеколи го гледа како одраз на пристапот на Македонците кон Албанците и албанскиот во Македонија

„Ова е моментот на апсурд кога го гледаш злото што ти го прави некој друг, но не сакаш да го видиш злото што ти им го правиш на другите. Ова е малку лицемерно од македонската страна, особено кога ова лицемерие е насочено кон оние кои го прифаќаат јазикот, историјата, нацијата и црквата, сè“, додаде Арсим Зеколи.

Македонците мора да се соочат со своите грешки, од 1945 година па сѐ до она што беше направено во времето на владеењето на Груевски. Од самиот почеток грешка на македонската страна, според Зеколи, била што го идеологизирала целиот концепт на преговори.

„За мене беше фрапантно што на почетокот почнаа да зборуваат за бугарскиот фашизам, за фашистичката окупација и сето тоа, наместо да се држат до историските аргументи, фолклорот, историската меморија. Не дека немаат аргументи, но таму можеше да се види што беше приоритет. Се пошегував дека оваа македонска класа полесно ќе се откаже од Гоце Делчев отколку од Јосип Броз Тито“, додаде Арсим Зеколи.

Спомнувањето на терминот фашист од страна на Мицкоски на средбата со Фон дер Лајен, според поранешниот дипломат е злонамерно, цинично и чин на слабост од страна на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ. Тој не е во позиција да морализира, во време кога на протести кои често ги предводеше самиот Мицкоски, сѐ уште се скандира „гасна комора за Албанците“, заклучува Зеколи.

Извор: ТВ 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ