Зелена обврзница за зелен градоначалник: Муцунски ја честита новата година со прво задолжување во историјата на општина Аеродром

t

Со прво задолжување во историјата на општина Аеродром, градоначалникот Тимчо Муцунски им ја честита новата година на аеродромци, велат од Левица-Аеродром.

– Општина Аеродром како една од најбогатите општини во Македонија чиј буџет е скоро 20 милиони евра за прв пат во историјата под палката на Тимчо Муцунски ќе влезе во идната 2023-та година во должничко ропство со скапи кредити кај лихвобанкарите.

Во време на економска криза кога каматните стапки се неколкукратно повисоки од нормалното, градоначалникот Тимчо Муцунски реши да ја задолжи општината за наредните десет години со прескапи кредити со пуштањето во оптек на таканаречената „зелена” обврзница.

Името „зелена” обврзница е своевиден оксиморон во Општина Аеродром, бидејќи во буџетот за 2023-та година парите за екологија и слични проекти поврзани со животната средина и квалитетот на воздухот се намалени за 20%-40%, иако Општина Аеродром важи за една од општините во Македонија со најзагаден воздух за што секојдневно сведочиме сите ние.

Советниците на Левица од принципиелни причини гласаа против овој лихвобанкарски буџет со кој општината и жителите на општината кои го полнат буџетот се ставени во позиција да бидат должници во наредните десет години и ќе мора да ги исплаќаат каматите во неповолни услови кога имаме едни од највисоките каматни стапки во историјата на Македонија. Истите каматни стапки се очекува и дополнително да растат во наредниот период.

Задолжувањето на општината под палката на Тимчо Муцунски кое се случува првпат во историјата на општината, само покажува дека со општината лошо се менаџира и парите на жителите се трошат на непродуктивни трошења наместо на капитални проекти кои ќе останат за идните генерации.

И покрај кратењата во буџетот кај социјалните и еколошките програми, очигледно повторно не остануваат пари во општината за изведба на поголем видлив капитален проект, па мора општината да се задолжува за иднините генерации да плаќаат превисоки камати во време на криза.

За изведба на еден поголем и видлив капитален проект во Општина Аеродром се потребни од 2%-4% средства од годишниот буџет, но очигледно ни таа мала сума во однос на вкупниот буџет не може да се издвои за таква намена, па мора преку задолжување кај лихвобанкарите да се обезбедуваат тие средства кои очигледно некој не сака да ги обезбеди од тековните приходи на општината, велат од Левица.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец искршил стакла на банка во Аеродром

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на…

Левица ги исклучи од членство Бранко Ристов…

Ја информираме јавноста дека Левица го суспендира…

Во тек е изградба на нова полициска…

Дополнителниот технички заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев,…

Некогаш најчистата и најзелена скопска општина со…

Аеродром тоне во нечистотија. Некогаш најчистата и…

Трагедија: Пронајдена мртва жена во Аеродром

Вчера во 17.40 часот во Полициската станица…