Зелено месо и канцepoгени материи: Леле што јадеме ?! – Шokaнтна објава на Твитер им ги преврти цревата на Македонците

t

Работела и во Македонија и во Германија во прехрамбена индустрија, Твитерџика си ја отвори душата за што тоа видела и што тоа јаде Македонија.

Зелено месо, млеко во прав и канцерогени материи, оваа вест не е за луѓе со слаб стомак.

-Како некој што работел на тема безбедна храна во Maкедонија и Германија , сум била и на двете страни од законот и како производител во Македонија и како контрола по фирми низ Германија, ви ветив дека ќе напишам неколку примери за небезбедна храна која завршува на трпезите во Македонија.

За почеток ве молам да не пишувате имиња на фирми по коментари, секој што ќе пише име на фирма ќе го блокирам или ќе го избришам твитот. Не мешајте политика,Агенција за храна, и во ВМРО, и во СДСМ е иста, стани мурто да седне курто.

Пред години ме пратија во контрола во фабрика за мелено месо во Германија. Смрдеше на километар, но тогаш неискусна, не забележав што се случува. После изби скандал, работници снимиле зелено месо расипано, 10 год. старо како го мешаат со ново месо.

Се замеша Интерпол, месото го најдоа во Македонија,Украина и детска градинка во Србија. Интерпол+Еуропол имаат специјална операција за измами со храна OPSON, и секоја година наоѓаат вакви случаи во МК, а нашиот инспекторат е слеп и глув.

Пред 3 месеци на Косово се покажа дека 32% од примероците на говедско месо во себе имаат и свинско. Тоа е измама за муслиманските верници. Во МК таков податок нема, но верувам дека е повеќе со оглед на тоа дека е поприсутно свинското месо.

Во МК, како и ЕУ е дозволена употреба на МSM (механички сепарирано месо).Тоа е она што го делкаат од коските (нешто ко мелени коски) и е преполно со штетен калциум. Во ЕУ потрошувачите се информирани и го одбегнуваат, a инспекциите контролираат.

Во МК погледнете ги најскапите паштети, ќе видете дека скоро на сите пишува МСМ месо. Тоа е посебно штетно за дечиња, внесуваат повеќе калциум од дозволено плус е често микробиолошки неисправно.

Нема да пишувам за додатоците во месна индуатрија. Преполно нитрати и нитрити, што дури и ЕУ не е сигурна како да ги контролира. Купувајте месо од месар или фарма. Ако веќе купувате преработка видете кои сертификати ги има.

Пастеризирано млеко на 120 степени е поздраво од домашно варено. Проблемот е што голем дел од млекото на пазарот е млеко во прав растворено со вода. Јас по вкус не можев да го забележам, дури не дојдов во Германија и не пробав како треба да изгледа природно пастеризирано млеко.

Густи сокови, мармалади се приказна за себе. Во мармалад од јагода како основа ставено јаболка (евтина суровина), вода, пектин, само малку јагода и арома на јагода. Видете во теглото колку малку има семкички од јагоди и ќе ви стане јасно.

На тема масла, во светот последниве години активно се носат мерки за намалување на канцерогени 3-MCPD естери во маслата. Во МК правилникот од 2012 немаат абер да го сменат, па теоретски е возможно штетни масти и масла од ЕУ да завршат во МК.

После скандалот со етилен оксид во сусам и кикирики, цела Европа ги смени правилниците и зголеми контролите, само МК не! Се збореше дека се што е во ЕУ штетно ќе заврши во МК, Агенција за храна негираше, за на крај ЕУ да најде штетни сладоледи увезени МК.

Колку производи има со етилен оксид на пазарот не знае никој, затоа што правилникот е така напишан, да може кој што сака да увезува во МК. Последно кога проверив, не беше променет.

За конзерви немам видено со свои очи, но студенти кои одеа на пракса во странство ми кажуваа, отварале над 7 години стари конзерви ананас и туна, пак ги пастеризирале и ги праќале во земји ко МК.

За малку од малку да се заштитите купувајте дирек од фармери и месари, или од македонски фирми кои знаете дека користат домашни примарни суровини. Производителите убаво е да имаат IFS, BRC сертификат, само HACCP(народно ХАСАП) не е доволно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не е противуставно да бидам премиер, вели…

Претседателот на собранието Талат Џафери вели дека…

Битиќи: Да изгласаме техничка влада и уставни…

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи смета дека…

Галант: Израел не планира трајно да остане…

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска…

Приведен скопјанец кој ја тепал партнерката

Скопјанец кој ја нападнал вонбрачната партнерка во…

Во водите на Дрим е пронајдена автоматска…

На 09.12.2023 во 13:50 часот во Полициското…