Зеленска: Сите Украинци ќе станат посилни поради оваа војна, мојот народ ќе победи!

t

Првата дама на Украина Олена Зеленска во интервју за „Би-Би-Си“ изјави дека Украина ќе ја издржи претстојната зима и покрај студот и прекинот на електричната енергија предизвикани од руските ракети и дека ќе продолжи да се бори во, како што вели, „војна на светоглед“, бидејќи – без победа може да има нема мир“, тврди таа.

Во интервјуто за Би-Би-Си, Зеленска рече дека „Украинците се подготвени да го трпат ова“. „Имавме толку многу страшни предизвици, видовме толку многу жртви, толку многу уништувања, што прекините на струја не се најлошото нешто што може да ни се случи“, рече Зеленска, потсетувајќи се на неодамнешното истражување во кое деведесет отсто од Украинците рекоа дека се подготвени да живеат со недостиг на енергија од две до три години доколку ја видат перспективата за влез во Европската унија.

„Знаете, лесно е да се трча маратон кога се знае колку километри има“, вели Зеленска. Меѓутоа, во овој случај, Украинците не знаат колку треба да истрчаат. „Понекогаш може да биде многу тешко, но има некои нови емоции кои ни помагаат да издржиме“, вели таа.

„Сите Украинци ќе станат посилни поради оваа војна“, предвидува првата дама на Украина. Во интервјуто кое траеше речиси еден час, Зеленска не сакаше да каже кога семејството Зеленска последен пат вечерало заедно. „Тоа се случува многу ретко овие денови, многу ретко“, вели таа.

Живеам одвоено со моите деца, а мојот сопруг живее на работа“, објаснува Зеленска. „Најмногу ни недостигаат едноставните работи – да седиме, да не гледаме во часовникот, онолку долго колку што сакаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Украина мора да преговара…

Европската комисија, и покрај повиците да ѝ…

Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…

ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…

Две воздушни цели биле забележани во близина…

(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…

Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…

Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…

Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…