Зеленски: Ако војната може да запре во еден регион, тогаш и другите војни можат да се запрат

t

Украинскиот претседател разговарал по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп по руските напади врз енергетската мрежа. Зеленски вели дека разговарале за „конкретни договори“ за зајакнување на украинската воздушна одбрана.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговарал по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп за зајакнување на воздушната одбрана по руските напади врз енергетската мрежа и за мировните напори на САД на Блискиот Исток, пишува „Киев Индепендент“.

Повикот дојде еден ден по масовниот руски напад со беспилотни летала и ракети што предизвика прекини во електричната енергија во Киев и другите украински региони.

Го информирав претседателот Трамп за руските напади врз нашиот енергетски систем – и ја ценам неговата подготвеност да нè поддржи, објави Зеленски на социјалната мрежа X, опишувајќи го разговорот како „многу позитивен и продуктивен“.

Белата куќа сè уште не го коментираше разговорот меѓу двајцата лидери.

Зеленски истакна дека разговарале за „конкретни договори“ за зајакнување на украинската воздушна одбрана.

Минатиот месец администрацијата на Трамп го одобри првиот пакет воена поддршка за Украина како дел од Листата на приоритетни украински барања (PURL), која е финансирана од НАТО. Тој пакет вклучуваше муниција за системите за воздушна одбрана „Патриот“, клучно оружје за пресретнување на руски балистички ракети што редовно се користат во нападите врз Украина.

Зеленски го пофали Трамп за неговите мировни напори на Блискиот Исток, откако САД посредуваа во прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа.

Ако војната може да се запре во еден регион, тогаш и другите војни сигурно можат да се запрат – вклучително и руската војна, рече Зеленски, повикувајќи ја Москва да се вклучи во „вистинска дипломатија“.

Трамп претходно неколкупати вети дека ќе посредува во постигнување брз мировен договор меѓу Киев и Москва, но овие напори најчесто беа неуспешни бидејќи Русија одбива прекин на огнот и продолжува да ги ескалира своите напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…

Фон дер Лајен: Украина ќе може да…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Путин нареди тридневен прекин на нападите врз…

Рускиот претседател Владимир Путин наредил да не…

Путин: Има можност за склучување мировен договор…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои…