Зеленски: Албанија, Црна Гора и Македонија го поддржуваат доделувањето на кандидатски статус на нашата земја за членство во ЕУ

t

Меѓународните партнери продолжуваат да доаѓаат во Украина. И ова е важна манифестација на поддршка за нашиот народ. Денеска имам средба со премиерот на Албанија Еди Рама и со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, објави на социјалните мрежи украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Укринформ.

Албанија, Црна Гора и Македонија го поддржуваат доделувањето на кандидатски статус на нашата земја за членство во ЕУ. На овој европски пат нашите земји не се конкуренти, тие меѓусебно ги надополнуваат и зајакнуваат можностите. Еди Рама и Дритан Абазовиќ, ви благодариме за посетата и продуктивните разговори!, изјави Зеленски.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека по резултатите од неговата средба со премиерите на Албанија, Црна Гора и виртуелното присуство на премиерот на Македонија, усвоена е заедничка изјава за поддршка на Украина да и се даде статус на кандидат за членство во ЕУ.

Благодарен сум на сите што ја усвоија заедничката изјава за поддршка за статусот кандидат на Украина за ЕУ“, рече претседателот на брифингот во средата во Киев. Нашите земји треба да бидат полноправни членки на ЕУ и се согласуваме дека нашите држави не се конкуренти на овој европски пат, туку само меѓусебно се зајакнуваат, рече претседателот на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нова драма со авион на „Боинг“:…

Авионот „Боинг 737-800“, кој летал за Хјустон,…

Ќе видите на 8-ми мај: Пејач од…

Пејачот Спасен Силјаноски, кој е активен во…

Генералниот секретар на Левица за дивоградбата на…

Една година институциите не постапуваат по Решението…

Величковски: Дали ВЛЕН мисли дека може да…

2008-2017 не е заборавен период, па апсењето…

СДСМ: Бруталното апсење на новинарот Салиу потврдува…

Според владејачкиот СДСМ, вчерашното апсење на новинарот…