Зеленски бара оружјата побрзо да стигнат во Украина

t

Украина мора да ја забрза својата логистика и побрзо да ги снабдува своите борци со муниција и беспилотни летала, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видео обраќање, јави ДПА.

Зеленски разговараше со високи воени лидери и релевантните министерства во врска со снабдувањето на единиците со муниција и беспилотни летала.

Најважно е дека секој аспект од логистиката мора да се забрза, рече Зеленски.

Според извештаите од фронтот, украинските војници страдаат од недостиг на муниција. Со оглед на честите руски воздушни напади, постои и загриженост дека муницијата за противвоздушна одбрана е при крај.

Помошта од САД, важен поддржувач на Украина, е блокирана поради внатрешно политички спор во Конгресот за имиграцијата, потсетува ДПА.

Зеленски изрази уверување дека и покрај овие проблеми, војниците можат да бидат снабдени со она што им е потребно.

Разговаравме и за лансирање на нови производни линии за оружје и муниција во Украина, во нашите претпријатија и заедно со партнерите, рече тој.

Зеленски информираше и за телефонските разговори со романскиот претседател Клаус Јоханис, шефот на полската држава Анджеј Дуда и белгискиот премиер Александар де Кро. Романија и помага на Украина да ги обучи американските пилоти на ловци Ф-16.

Според Зеленски, има „јасни сигнали“ за забавување на руската одбранбена индустрија. Претседателот на Украина не ја поткрепи својата изјава со конкретни докази, а според руските власти локалната одбранбена индустрија го забрзала производството на воена опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возачи го тужат Mercedes: Вжештеното AMG лого…

Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното…

По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…

Големиот пожар што денеска избувна во Волково…

Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…

Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…

Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…

20-годишен припадник на албанската армија убиен во…

Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…