Објавено на:

Зеленски: Би сакал Кина да стане пријател на Украина

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека би сакал Кина да биде пријател на Украина.

Зеленски на прес-конференција по глобалниот мировен самит во Швајцарија, одговарајќи на прашање на кинески новинар дали Кина е непријател или партнер на Украина, рече дека Украина никогаш не ја нарече Кина непријател, туку дека би сакала таа да и биде пријател.

„Украина никогаш не кажа дека Кина е нејзин непријател. И ве молам, не кажувајте такви работи. Секогаш велам дека непријател број еден на Украина е (рускиот претседател Владимир) Путин затоа што не нападна. Кога сме веќе кај пријателите, верувам дека пријателите се тие кои помагаат во тешки времиња, а јас би сакал Кина да стане пријател на Украина“, рече Зеленски, пренесе Украинска Правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Шерифовиќ проговори за таткото на нејзиниот…

Марија Шерифовиќ ги изненади сите кога стана…

Принцезата Ана останува во болница: Од ударот…

Иако според бројот на кралски ангажмани таа…

СОПСТВЕНИКОТ НA СТРЕЛИШТЕТО ПРИЗНА ДЕКА ДАЛ ЛАЖНА…

Обвинетиот признал дека сторил кривично дело давање…

Дневен хороскоп: Еден знак ќе се најде…

Овен Вашата деловна страна овојпат може да…

(ВИДЕО) Хаос во Кенија, луѓе упаднаа во…

Кенијците протестираат против зголемувањето на даноците, а…