Зеленски: Велика Британија им помага на „украинските воини да станат посилни“

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Лондон изјави дека Украина има „многу силен одбранбен пакет од Велика Британија“, од тенкови до обука.

– Верувам дека заедно ќе го поминеме овој тежок пат до нашата заедничка победа, изјави тој на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Риши Сунак.

– Би сакал да кажам дека овој ден стана многу плоден и благодарен сум на премиерот што ги разбра нашите потреби, што навистина им помага на украинските воини да станат посилни, рече Зеленски.

Украинскиот лидер се заблагодари што претходно се сретна и со британскиот крал Чарлс Трети, а и им се заблагодари и на пратениците, како и на членовите на јавноста кои вееја украински знамиња за време на неговата посета.

– Изразувам длабока благодарност … за подготвеноста и волјата да работите со нас во спроведувањето на украинската формула за мир … Му благодарам на секој војник, наредник, офицер и генерал, рече Зеленски, ветувајќи дека „ќе се погрижиме на линијата на фронтот да имаме сè максимално“.

– Слава на сите што се борат за Украина, голема благодарност до сите што и помагаат на Украина, беа завршните зборови на украинскиот претседател.

Зеленски претходно ги повика Велика Британија и другите земји да и дадат „крилја на слободата“ на Украина со испраќање борбени авиони за да се спротивстави на руската офанзива, надевајќи се дека ќе го скрши отпорот на Западот за преземање на тој чекор. Во обраќањето до членовите на британскиот Парламент, тој им се заблагодари на Британија и на Западот за помошта и за претходните санкции против Москва.

Но, давајќи му на претседателот на парламентот пилотска кацига со натпис „ние имаме слобода, дајте ни крилја да ја заштитиме“, Зеленски го повика Западот да достави авиони.

– Апелирам до вас и до светот, со едноставни, но толку важни зборови – борбени авиони за Украина, крилја на слободата, рече Зеленски.

Украинскиот претседател вечерва заминува за Париз, а утре ќе отпатува во Брисел каде ќе учествува на самит на Европската Унија. Висок украински функционер изјавил дека Зеленски на самитот на ЕУ ќе побара повеќе оружје за борбата на Украина против Русија и забрзување на процесот за членство на неговата земја во Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Костовски: Мицкоски по амбасади ветува дека…

Мицкоски и неговите потпретседатели по амбасади ветуваат…

Албанците поднеле 12 илјади барања за азил…

Не престанува миграцискиот бран на албанските граѓани,…

(Видео) Шокантни детали:  Оружјето што го користел…

Експертите за оружје тврдат дека Давид Козак…

(Видео) Костовски: Не можевме да ги донесеме…

Немаше да ги донесеме измените на Кривичниот…

Богоев: Далеку од реалноста е да се…

Се формира еден европски блок, којшто споделува…