Објавено на:

Зеленски вели: Путин знае дека нема да остане жив по руски нуклеарен напад

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека е „тешко да се каже“ дали ризикот од руска употреба на нуклеарно оружје е зголемен по последните успеси на украинската војска, но дека останува убеден дека рускиот претседател Владимир Путин нема да преживее таква ескалација на непријателствата.

Зборувајќи со претставници на меѓународниот истражувачки центар од Сиднеј, Зеленски преку видео врска рече дека на Русите им е „тешко да контролираат се што се случува во нивната земја, исто како што не контролираат сè што имаат на бојното поле“.

Зеленски, исто така, рече дека Путин разбира дека „светот никогаш нема да прости руски нуклеарен напад“.

„Тој разбира дека по употребата на нуклеарно оружје, повеќе нема да може да си го зачува својот живот, убеден сум во тоа“, рече Зеленски.

Украинската војска во последниве денови повторно зазеде делови од територијата анектирана од Русија минатата недела, а Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за да ја спречи Украина да ја врати контролата врз областите. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…

(Видео) Маж се обиде да го погоди…

Непријатен инцидент се случил за време на…

Трамп за инцидентот кај американската база во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека петтемина…

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

Вучиќ поднесе оставка

Александар Вучиќ вечерва ја соопшти својата оставка…