(Видео) Зеленски: Воена состојба се воведува низ целата територија на Украина, цивилните граѓани да останат дома!
Русија започна нова воена операција против нашата држава, воена состојба се воведува низ целата територија на Украина, ова утрово го изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски.
– Денес изутрина Русија започна нова воена операција против нашата држава. Ова е неоправдана лажна и цинична инвазија. Се извршуваат удари врз воени и други важни одбранбени објекти, нападнати се гранични единици, ситуацијата во Донбас е деградирана. Вооружените сили на Украина, сите специјални и органи на прогонот на државата се во готовност. Советот за национална безбедност и одбрана работи во итен режим. Ќе биде воведена воена состојба. Нашите дипломати го информираат светот за тоа што се случува. Украинците никогаш никому нема да ја дадат својата слобода и независност. Само ние самите, сите граѓани на Украина, од 1991 година ја одредуваме нашата иднина. Но, сега се решава судбината не само на нашата држава, туку и тоа, каков ќе биде животот во Европа, вели Зеленски.
Тој додава дека од чесниот и праведен одговор на светот на оваа агресија зависи дали ќе остане барем нешто од силата на меѓународното право.
– Цивилните граѓани на Украина треба да останат дома. Предупредете ги вашите најблиски за тоа што се случува. Грижете се за оние на кои им е потребна помош. Сите мисли и молитви се со нашите војници. Слава на Украина, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…