Зеленски: Во Курскиот регион распоредени 11.000 севернокорејски војници
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 11.000 севернокорејски војници се распоредени во рускиот регион Курск за да ја поддржат руската армија во обид да ги потиснат украинските сили кои навлегоа во оваа погранична територија.
-Веќе има 11.000 од нив во регионот Курск. Гледаме зголемување на бројот на Севернокорејци, но не и зголемување на реакциите на нашите партнери, рече Зеленски во своето секојдневно вечерно обраќање до сонародниците.
Зеленски, кој веќе неколку пати зборуваше за пристигнувањето на севернокорејските војници, бара од своите сојузници да и помогнат на Украина пред да пристигнат севернокорејските трупи распоредени во Русија на бојното поле.
Белата куќа минатиот четврток соопшти дека околу 8.000 севернокорејски војници сега се во рускиот регион Курск, на самата граница со Украина, и се подготвуваат да му помогнат на Кремљ во војната против Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Итна безбедносна средба во Полска по информации…
Полските безбедносни служби одржаа итен состанок по…
Сопругата на Ѓоко Ристов: Од кога е…
По реакциите на јавноста, по неодамнешното сведочење…
Мицкоски: Македонското достоинство не е предмет на…
Што се однесува до отвореното прашање со…
(Фото) Слаб одѕив на настанот на СДСМ…
Настанот организиран од СДСМ во Прилеп се…
Македонија не е добиена на подарок, време…
Денес стоиме пред историјатa на еден народ…