Зеленски во посета на градот Николаев
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети јужниот град Николаев за време на работната посета на регионот, соопшти претседателскиот кабинет, во кое не е прецизирано кога е извршена посетата, јави ДПА, информира МИА.
„Претседателот изврши увид во зградата на регионалната државна управа на Николаев, што беше уништена како резултат на ракетен напад на руските сили“, се вели во соопштението.
„Нашиот Николаев регион. На состанок за важни регионални прашања. Разговаравме за состојбата на економијата, обновувањето на водоснабдувањето, состојбата во земјоделството. Посебно внимание беше посветено на заканите од копно и море“, напиша Зеленски денеска во својот канал на Телеграм, каде што беше објавено и видео од средбата со шефот на регионалната воена администрација Виталиј Ким.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…
Само за три дена Украина онеспособи околу…
Украинските одбранбени сили во последните три дена…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…