Зеленски ги охрабрува Украинците: Нема да ни го скршат духот – Соборивме 23 руски дронови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно обраќање до нацијата соопшти дека во изминатите два дена украинските сили соборила 23 беспилотни летала, додавајќи дека масовните руски напади врз електраните нема да го скршат духот на Украина.
-Гранатирањето нема да не скрши. Слушањето на националната химна на непријателот на нашата земја е пострашно од непријателските ракети на нашето небо. Не се плашиме од темнината, рече Зеленски во видео-обраќањето, што овој пат беше снимено на отворено, стоејќи во темнината до остатоци од соборениот дрон.
Британските м едиуми потсетуваат дека бо последните две недели Русија истрела десетици проектили и употреби беспилотни летала-камикази кон украинската електрична мрежа, предизвикувајќи големи штети и недостиг на електрична енергија во огромен дел од земјата.
-По руските напади врз електричните постројки Киев и четирите региони можеби ќе треба да го прекинат снабдувањето со електрична енергија подолго од планираното, изјави вчера висок украински функционер.
Зеленски кажа дека Русија досега извршила повеќе од осум илјади воздушни напади и истрелала 4.500 проектили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…