Објавено на:

Зеленски ги посети војниците на фронтот

t

Володимир Зеленскиј ги посети војниците кои се борат на првата линија на фронтот – овој пат во источна Украина.

Украинскиот претседател се ракуваше со неколку борци, ја прегледа воената опрема и се сликаше држејќи го државното знаме во непозната шумска област.

Зеленски се состана и со армискиот персонал во опколениот град Купјанск, во североисточниот регион Харков, за време на неговата посета на исток.

„Денес ги посетуваме нашите бригади кои се борат во едно од жариштата, правецот Купјанск-Лиман каде руските окупатори постојано се обидуваат да ги нападнат нашите позиции“, напиша тој на социјалната мрежа Х.

Украинскиот лидер редовно ги посетува

војниците од почетокот на руската инвазија, пишува Скај Њуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…

Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…