Зеленски ги укинува забраните за излез од Украина на момчињата помеѓу 18 и 21 година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача денеска дека побарал од Владата да се укинат ограничувањата за патување во странство за украинските мажи помеѓу 18 и 21 година.
„Верувам дека ова е позитивна приказна и дека ќе им помогне на многу млади Украинци да ги одржат врските со Украина и да се остварат во Украина – првенствено во образованието“, рече Зеленски.
Моментално на поголемиот дел од мажите во Украина – на возраст помеѓу 18 и 60 години, кои се сметаат за военоспособни, моментално им е забрането патување во странство, а земјата е и понатаму во воена состојба, четврта година по ред од инвазијата од страна на Русија на 24 февруари 2022.
Зеленски појасни дека новата возрасна граница ќе бидее 22-60 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…