Зеленски го повика Трамп заедно да одат на првата линија на огнот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика американскиот кандидат за претседател од Републиканската партија Доналд Трамп да дојде во Украина и со свои очи да ја види војната против Русија и вели дека доколку дојде Трамп, тие заедно ќе појдат на првата линија на фронтот, пишува денеска Политико.
„Доколку дојде г-дин Трамп, јас сум дури и подготвен да одам со него на линијата на фронтот“, рече Зеленски денеска на Конференцијата за безбедност во Минхен.
Инаку Трамп води во анкетите за да се кандидира за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД во ноември, а тој постојано вели дека ќе ја прекине помошта за Украина и ќе го принуди Киев да седне на преговарачка маса со Русија, потсетува Политико.
Според порталот, Зеленски се занимавал со Трамп и за време на неговиот прв претседателски мандат, но внимавал да не ги запали мостовите со темпераментниот Трамп, дури и внимавал да му се обраќа со „господине“, а не директно да го критикува и да го охрабрува да дознае повеќе за војната.
„Мислам дека ако водиме дијалог за тоа како да ја завршиме војната, треба да им покажеме на луѓето кои ги носат одлуките, што значи тоа – вистинска војна, а не на Инстаграм“, рече Зеленски.
Во својот говор на конференцијата во Минхен, Зеленски повторно повика на побрза испорака на артилериски гранати и ракети со долг дострел.
Зборувајќи за „вештачки дефицит“ на муниција, Зеленски рече дека украинските команданти решиле да се повлечат од опколениот град Авдијивка соочени со немилосрдните напади на руските сили.
Тој изјави дека силите на рускиот претседател Владимир Путин имале седум жртви на секој убиен Украинец во Авдијевка, но дури и таа стапка на смртност не ги спречила нападите.
„Русија има само една конкретна предност, целосна девалвација на човечкиот живот“, рече Зеленски, а тоа значи дека на Украина и е потребна помош од нејзините сојузници да ги изедначи шансите против Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американската војска тестирала 50 функционери на детектор…
Некои од највисоките американски воени функционери биле…
Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…
Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…
Белата куќа на сајтот објави видео-игри, во…
Белата куќа на својот официјален сајт претстави…
Путин: Има можност за склучување мировен договор…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои…
Холандија повлече 86 тони злато од САД…
Холандската централна банка (DNB) префрли 86 тони…