Зеленски го покани Трамп во Киев: Дојди штом можеш да ја прекинеш војната за 24 часа

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани Доналд Трамп во Киев, но под еден услов – да стави крај на војната, како што се пофали во една прилика.

Зеленски изјави дека поранешниот американски претседател е добредојден да го посети во главниот град на Украина се додека може да ја прекине војната со Русија во рок од 24 часа, како што еднаш изјави.

Трамп се пофали дека доколку е претседател, може веднаш да ја заврши војната со инсистирање на договор меѓу Зеленски и Путин. Трамп ова го поткрепи со аргументот дека има добри односи со двајцата претседатели. За време на неговата политичка кариера, Трамп повеќе пати го напаѓаше Путин, кој ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

„Да, те молам, Доналд, те канам во Украина, во Киев“, рече Зеленски во интервју за британскиот „Канал 4 Њуз“. „Доколку можеш да ја прекинеш војната во рок од 24 часа, мислам дека ќе биде доволно да дојдеш во Киев, било кој ден кога сум тука,“ рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека ако Трамп ја има формулата за завршување на војната, тој сака да знае за што станува збор.

„Политико“ пишува дека, иако Украина сака да ги негува односите со републиканскиот фаворит за нов претседател на САД и неговите сојузници пред изборите во САД во ноември, Зеленски ги има сите причини да биде претпазлив кон човекот кој нема апетит да ја продолжи поддршката за украинскиот отпор против руската инвазија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Пијан работник од депо украл трамвај во…

Дваесетгодишен работник во трамвајско депо во Киев,…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…