Зеленски го предложи Михаил Федоров за нов министер за одбрана на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи сегашниот министер за дигитална трансформација Михаило Федоров да стане нов министер за одбрана на Украина.
„Предложив Михаило Федоров да стане нов министер за одбрана на Украина. Михаило е длабоко вклучен во прашања поврзани со линијата за беспилотни летала, тој работи многу ефикасно на дигитализацијата на јавните услуги и процеси“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува Униан.
Според него, назначувањето на новиот шеф на Украинската служба за надворешно разузнавање ќе биде објавено наскоро.
„Денес започна значително внатрешно ресетирање, промени насочени кон тоа Украина да стане поотпорна… Минатата година, државните институции покажаа и добри резултати што треба да се зајакнат и проблеми што не можат да се пренесат во новата година“, додаде Зеленски.
Зеленски денеска ги потпиша указите за назначување на Кирил Буданов за шеф на Кабинетот на претседателот и Олег Ивашченко за шеф на Службата за државна безбедност
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин нареди тридневен прекин на нападите врз…
Рускиот претседател Владимир Путин наредил да не…
Путин: Има можност за склучување мировен договор…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои…
Колку ракети „Патриот“ ќе купи Украина со…
Украина побара од Европската комисија да издои…
Кремљ: Самитот Путин-Трамп-Зеленски е можен само за…
Самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот…
Украина бара предвремено користење на заемот од…
Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денеска…