Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Минхенската безбедносна конференција изјави дека е дојдено време да се формираат „европски вооружени сили“, наведувајќи дека борбата на Украина против Русија докажала дека веќе има причина за тоа.
Зеленски рече дека Европа не може да ја исклучи можноста САД да одбијат да и помогнат за прашања што и се закануваат.
Тој потсети и дека голем број лидери долго време зборуваат за тоа како на Европа и е потребна сопствена армија.
„Навистина верувам дека дојде време. Вооружените сили на Европа мора да се формираат“, рече Зеленски.
Според него, Украина никогаш нема да прифати какви било мировни договори кои би биле постигнати без учество на Киев.
Зеленски оцени дека би било опасно доколку американскиот претседател Доналд Трамп се сретне со рускиот лидер Владимир Путин пред да се сретне со него.
„Сега се чини дека Путин е највлијателниот член на НАТО“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека Украина не може да се согласи на прекин на огнот со Русија додека не добие вистински безбедносни гаранции и дека планот на Украина е да постигне мир оваа година.
Зеленски рече дека Украина доколку не стане членка на НАТО, тогаш е неопходно „да се изгради втор НАТО во Украина“.
Трамп во средата рече дека очекува да се сретне со Путин во Саудиска Арабија за мировни преговори за Украина. Тој во средата имаше одделни телефонски разговори со Путин и Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски не разговарал за положување цвеќе пред…
Министерот за надворешни работи , Тимчо Муцунски,…
Тошковски нареди внатрешна контрола за случајот со…
По објавите во дел од медиумите дека…
Ѓорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје,…
Пристигна првата испорака – 3.300 нови контејнери…
Невреме со пороен дожд и засилен ветер,…
Променливо облачно време со повремени врнежи од…
Европа потрошила речиси 8 милијарди евра за…
И покрај политиката на Европската Унија за…