Зеленски до Путин: „И јас можам да нацртам карта на која целосно ја окупирам Русија“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе деталите од првиот ден на трилатералните преговори во Абу Даби. Зеленски им изјави на новинарите дека, откако го добил вториот извештај од украинскиот преговарачки тим од Блискиот Исток, дознал за тврдењата што ги изнесувале руските претставници.
„Ми рекоа дека Русите мислат и тврдат оти веќе го зазеле и оној дел од Донбас што сè уште е под наша контрола. Нашиот тим им одговорил: ‘Не знаеме како воопшто можете да зборувате такви работи. Имаме видеоснимки, фотографии и други докази кои потврдуваат дека тие територии се под наша контрола’“, изјави Зеленски.
Русија во моментов контролира голем дел од Донбас, но во досегашните преговори бараше целиот регион да ѝ биде отстапен во рамките на евентуален мировен договор. Украина досега се спротивставуваше на таквото барање.
„Тоа е проблемот. Мислам дека Путин живее во некој друг свет, во поинаква реалност. И, се разбира, на Американците им вели: ‘Погледнете, ми требаат еден до три месеци и целосно ќе го заземеме источниот дел на Украина’. Се разбира, и јас можам да му нацртам карта на која целосно ја окупирам Русија, но тоа едноставно не е вистина“, порача украинскиот претседател.
Зеленски наведе и дека американскиот генерал Алексус Гринкевич, врховен командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, кој учествувал на состанокот, потврдил дека украинските мапи на состојбата на бојното поле повеќе одговараат на реалната ситуација на теренот.
Украинскиот претседател зборуваше и за можноста за голема размена на воени заробеници, за која се разговарало за време на преговорите во Абу Даби.
„Преговарачкиот тим го очекува клучен ден. Се разговараше за можноста за размена на заробеници. Сакаат да организираат размена на 1.000 за 1.000, а можеби дури и на 1.500 за 1.500 заробеници. Американците ќе отпатуваат во Русија, а една од главните теми ќе биде токму големата размена на воени заробеници“, најави Зеленски.
Како уште едно важно прашање отворено за време на преговорите, тој ги посочи членството на Украина во НАТО и во Европската Унија.
Според неговите зборови, разговорите во вториот ден од преговорите ќе бидат повеќе насочени кон мерките за намалување на тензиите, енергетиката, безбедносната состојба во Црното Море, како и можноста за одржување трилатерална средба на ниво на шефови на држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…