Зеленски до специјалните пратеници на Трамп: Прво посетете го Киев, па потоа Москва
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази очекување дека американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе го посетат Киев во текот на следните две недели. Во интервју за Си-Би-Ес, Зеленски сподели дека тие се подготвени да допатуваат во Украина, но конечната одлука ќе зависи од настаните на Блискиот Исток.
„Очекуваме нивното доаѓање во Киев. Се надевам дека ќе може да дојдат во следните две недели“, истакна Зеленски. Тој посочи дека е клучно американскиот тим лично да ја види состојбата во Украина и да разговара со луѓето кои живеат во услови на војна.“
„Никогаш не биле тука. Важно е да ги видат луѓето и да разберат дека ние сакаме да ја запреме оваа војна. Целта е да се запре Русија“, рече украинскиот претседател.
Зеленски додаде дека ако американски претставници планираат повторно да ја посетат Москва, би било корисно прво да го дојдат во Киев. „Ако сакаат да одат во Москва, треба прво да дојдат во Киев, а потоа да заминат за Москва“, рече тој.
Посетата на Виткоф и Кушнер беше најавена уште во април.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…