Зеленски: Знаеме за планот на руските сили да ја пробијат одбраната на регионот Харков
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинското воено-политичко раководство има информации за обемот на руските сили и нивниот план да ја пробијат одбраната на регионот Харков, додавајќи дека украинските одбранбени сили им даваат отпор на руските војници.
„Главната е регионот Харков. Руските војници денеска се обидоа да ги прошират операциите против Украина“, рече Зеленски во синоќешната видео порака и посочи дека вооружените сили на Украина се зајакнати во правец на Харков.
„И долж нашата државна граница и по целата линија на фронтот, ние секогаш ќе го уништуваме окупаторот за да ги спречиме сите руски офанзивни намери“, рече тој, пренесе Интерфакс Украина.
Зеленски изјави дека сега се прави се што е потребно за да се заштитат сите позиции, додавајќи дека во исто време е важно партнерите да го поддржат Киев со навремени набавки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…