Зеленски: Зошто се’ уште има простор за руските терористи во Обединетите нации
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги праша Обединетите нации (ОН) зошто му дозволиле на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да присуствува на светската организација поради тековната инвазија на Украина, пишува „Скај њуз“.
За време на посетата на болницата во Њујорк каде што се лекуваат украински војници, Зеленски рече дека светските лидери треба да сносат одговорност за таа одлука.
„За нас е многу важно нашите партнери да ги слушнат сите наши зборови и пораки“, рече Зеленски.
Подоцна денеска украинскиот претседател ќе се обрати пред лидерите на Генералното собрание на ОН, а утре на седницата на Советот за безбедност на ОН ќе зборува за војната во Украина. Се очекува Лавров да има забелешки на седницата. Кога Зеленски беше прашан дали ќе остане во просторијата за време на говорот на Лавров, тој рече: „Не знам како ќе биде, навистина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…
Саичиќ: Вечерва славиме победа, од утре градиме…
Кандидатот за пратеник во Собранието на Србија…
Студентската листа води на изборите во Србија…
Студентската листа е победник на предвремените парламентарни…
(Видео) Солзи радосници и ора по улиците…
Ширум Србија се слави за победата на…