Зеленски изненаден од најавата на Трамп: „Изјавата за примирјето e новост за мене“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за „енергетско примирје“ меѓу Украина и Русија била новост за него, отворајќи прашања за тоа што точно е договорено.
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека двете страни постигнале договор кој стапува во сила веднаш, без да ги објасни условите и начинот на неговото спроведување.
Зеленски, во разговор за „Аксиос“, рече дека бил изненаден од објавата, но изрази подготвеност Украина да прифати прекин на нападите врз енергетски објекти доколку истото го направи и Русија.
„Ако претседателот Трамп го договорил тоа со Путин, ве молам кажете ни кога започнува примирјето“, порача Зеленски.
Киев претходно ја повтори својата позиција: украинските напади врз руските рафинерии може да престанат ако Москва ги запре нападите врз украинскиот енергетски систем.
Во подоцнежна објава, Зеленски наведе дека Украина го поддржува примирјето и очекува детали од американската страна. Москва не даде непосреден коментар, а Белата куќа не објави дополнително објаснување.
Најавата се однесува на енергетската инфраструктура и засега не претставува потврда за целосен прекин на воените дејства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски изненаден од најавата на Трамп: „Изјавата…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека најавата…
Лошото време зароби странски планинари на врв…
Преку Единствениот број за итни повици 112,…
Марко Топузовски со бронза од Светскoтото првенство…
Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал…
Трамп повтори дека Путин сака мировен договор,…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно изјави…
На 57 годишен Охриѓанец му се превртело…
На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС…