Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери бил конструктивен
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, што се одржа во Велика Британија, бил конструктивен.
Аргументите на Киев беа слушнати и опасностите беа земени предвид, додаде тој во своето вечерно обраќање до Украинците.
Зеленски истакна дека на средбата учествувале претставници на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Финска и Полска, со цел консолидирање на позициите за постигнување примирје.
„Патот кон мирот за Украина треба да биде определен заедно и само заедно со Украина, тоа е клучен принцип“, нагласи украинскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водата во Скопје е безбедна за пиење,…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро…
(Видео) Ѓорѓиевски: Водата во Скопје е чиста,…
Ешерихија коли или било која друга бактерија…
ОЈО Скопје по допрен глас ќе го…
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по…
Над 100 пациенти дневно на Инфективното во…
Повеќе од 100 пациенти дневно се прегледуваат…
Драма во Кисела Вода: 32 годишник натепал…
Синоќа во 20:55 часот во СВР Скопје…