Објавено на:

Зеленски: Има напредок во преговорите за распоредување на европски воен контингент во Украина

t

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека има „опиплив напредок“ во преговорите за распоредување безбедносен контингент на  европските  партнери во Украина .

„Вложуваме напори за безбедност во Украина и сигурни безбедносни гаранции. Има опиплив напредок и првите детали за тоа како може да се распореди безбедносниот контингент на партнери. Благодарен сум на сите земји кои ни помагаат во тоа, како и на Велика Британија и Франција за нивното лидерство.

Токму ваквата заедничка работа, кога сите  имаат заедничка цел за постигнување  силен резултат, помага да се доближиме до  сигурен и траен мир во Украина“, рече Зеленски по средбата со началниците на Генералштабот на Велика Британија и Франција, пренесува украински Интерфакс.

Министерот за одбрана на Украина Рустем Умеров го нарече состанокот „стратешки важен“ со учество на началниците на Генералштабот на Украина, Франција и Велика Британија, чија главна тема беше „ангажман на партнери во обезбедувањето на безбедносните аранжмани на Украина по завршувањето на воените дејствија“.

Учесниците на состанокот разговараа за безбедносните гаранции за Украина и идната архитектура на мирот во Европа, подготовката и состојбата на оперативното планирање со цел брзо спроведување на плановите, во случај на прекин на непријателствата, гарантирање стабилност, спречување на нова агресија и создавање предуслови за државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…

Две воздушни цели биле забележани во близина…

(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…

Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…

Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…

Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…

Украина уништи руска воена опрема вредна 70…

Украинските сили уништиле руска воена опрема со…

Само за три дена Украина онеспособи околу…

Украинските одбранбени сили во последните три дена…