Зеленски и се заблагодари на Македонија – ова е причината

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до неколку земји за одбрамбената поддршка што и ја даваат на Украина, меѓу кои и на Македонија.

Благодарност до Хрватска за уште еден пакет одбранбена поддршка. Благодарност до Македонија за одлуката за хеликоптери. Благодарение на Словачка, Словенија, изјави Зеленски во неговото обраќање до нацијата.

Тој исто така се заблагодари на Канада за финансиската поддршка, средствата веќе пристигнаа во државниот буџет на Украина и на ММФ за новата програма за Украина во висина од повеќе од 15 милијарди долари, што ќе и помогне на Украина да ја зачува социјалната стабилност.

Зеленски сподели и вести кои, за жал се очигледно апсурдни и деструктивни. Терористичката држава денеска почна да претседава со Советот за безбедност на ОН.

Тој соопшти и дека оваа недела и Швајцарија се приклучи кон десеттиот пакет санкции на Европската унија.

Според неговите зборови, важно е кога државите кои се неутрални во воено-политичка смисла сепак заземаат јасна морална позиција кон рускиот терор, кон руското уништување на глобалниот поредок врз основа на правила.

Зеленски информираше дека разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за ситуацијата на фронтот, политичка интеракција, за тоа како се движиме во спроведувањето на украинската формула за мир, и се заблагодари на Франција за непоколебливата поддршка.

Зеленски заклучи дека, генерално, неделата донесе голем број позитивни вести за Украина, за одбрана и за одбраната на редовниот живот на сите слободни нации.
Исто така, украинскиот претседател посочи дека во рамките на ОБСЕ, започна работата на првиот посебен меѓународен извештај, кој ќе биде посветен на присилната депортација на украинските деца од Русија и обидите за асимилација на нашите деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест активни пожари низ Македонија

На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…

Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Пожар избил денеска на територијата на Општина…

Лефков: Грижата на талогот од СДС и…

Венко Филипче како прв човек на СДС,…

Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…

Јас можам за прв пат да се…