Зеленски: Киев нема желба да разговара со Путин, но веројатно ќе биде потребно за крај на војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека иако Киев нема волја да разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин. Сепак ќе мора да ја прифати таа реалност, бидејќи тоа ќе биде неопходно за да се стави крај на војната.
– Постојат работи за кои треба да се разговара со рускиот лидер. Не велам дека нашиот народ има желба да разговара со Путин, но мораме да се соочиме со реалноста низ што минуваме сите заедно, истакна Зеленски за време на своето обраќање пред индонезиските интелектуалци.
Тој има надеж дека украинскиот народ после таа средба ќе може повторно да се врати на секојдневните навики.
– Сакаме да го вратиме животот на една суверена земја, на својата територија. Русија се чини сè уште не е подготвена да започне сериозни мировни преговори, додаде Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…