Објавено на:

Зеленски: Контраофанзивата е тешка

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека украинската контраофанзива e тешка, но увери дека неговите трупи ги совладале руските сили.

„Окупаторите со сите сили се обидуваат да ги спречат нашите момци. Борбите се многу силни“, рече тој во своето секојдневно обраќање, но додаде дека „што и да прави непријателот, украинската страна преовладува“.

Украина започна контраофанзива во јуни за да ги истисне руските сили од територијата на исток и југ, но оттогаш постигна скромен напредок.

Претседателот Зеленски зборуваше за борбите во клучните области Лиман, Бахмут и Авдивка на истокот на земјата, но и на јужниот фронт.

Во 2022 година, Украина врати цели делови од територијата околу Керсон и Харков во брзи контраофанзиви. Но, во последните месеци, украинските сили се соочија со зајакнати руски одбранбени позиции.

Киев предупреди дека оваа контраофанзива може да биде долга и тешка и ги повика своите сојузници да испратат повеќе оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД одобрија можна продажба на опрема за…

Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…

Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…

„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…

Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…

Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…

Видео: Украински пилот со авионски топ собори…

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…