Зеленски му одговори на Трамп: „Путин убива деца!“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на споредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за конфликтот меѓу Украина и Русија со „две деца кои се борат во парк“, велејќи дека аналогијата не ја одразува вистинската природа на војната.
Зеленски нагласи дека Украинците „не се деца кои се борат со Путин на игралиштето“, туку дека Путин е „убиец кој дошол во паркот за да убива деца“.
Во интервју за ABC News, Зеленски рече дека Трамп, како и секој што не е во Украина, не може целосно да го разбере „страдањето“ на Украинците. „Ова не е прашање само за претседателот Трамп, туку за секој што не е тука, во земја оддалечена илјадници километри. Тие не можат да ја почувствуваат и разберат оваа болка“, рече украинскиот лидер. Тој потсети дека 631 дете се убиени откако започна војната во Украина, тврдејќи дека Русија ги таргетира цивилите во своите напади.
Трамп ја направи споредбата за време на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа, каде што, зборувајќи за неговиот неодамнешен разговор со Путин, рече дека „понекогаш е подобро да ги оставиме малку да се караат, а потоа да ги разделиме“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови руски напади ги нарушија интернет и…
Продолжуваат целенасочените руски напади врз клучните точки…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…