Објавено на:

Зеленски нареди да се зајакне границата со Белорусија

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди денеска да се зајакне безбедноста на границата со Белорусија поради пристигнувањето на борците на паравоената група Вагнер во таа земја.

„Со одлука на Генералштабот, на врховниот командант (Валери) Залужни и на генералот (Серги) Најев им беше наредено да ја зајакнат границата за да се обезбеди мир“, рече Зеленски во видеото емитувано на Телеграм.

Тој рече дека денеска украински и странски разузнавачки служби, како и граничари, го информирале за ситуацијата во Белорусија.

По неуспешниот бунт во Русија пред една недела, шефот на руската паравоена група Вагнер Евгениј Пригожин се согласи да замине во егзил во Белорусија благодарение на посредништвото на белорускиот претседател Александар Лукашенко, сојузник на Москва.

Според договорот, борците на Вагнер имаат избор да заминат во Белорусија, да се пријават во редовната руска армија или да се вратат во цивилниот живот.

Украинските власти во неколку наврати изјавија дека стравуваат од напад од Белорусија, каде што се стационирани руски војници. Сепак, белоруските војници не се директно вклучени во инвазијата што ја започна Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко гледа опасност во НАТО: Ако се…

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, коментирајќи ја…

И противник на Лукашенко почина во затвор:…

Во затвор почина и противник на белорускиот…

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Жителите на Белорусија, Казахстан и Молдавија ќе…

Владимир Путин им олесни на жителите на…