Зеленски: Нашата иднина е во ЕУ
Претседателот на Украина Володимир Зеленски за време на денешната посета на Молдавија изјави дека Украина е подготвена да биде во НАТО и дека Киев чека блокот да биде подготвен да ја прими неговата земја.
Тој, исто така, ја повтори желбата на Украина да се приклучи на Европската унија, објави Ројтерс.
„Ние ја поддржуваме Молдавија и нејзиниот народ да се интегрираат во ЕУ. Го поддржавте нашиот народ, нашите бегалци кои избегаа во првите денови од војната и тоа никогаш нема да го заборавиме“, рече Зеленски во присуство на молдавската претседателка Маја Санду, пренесува Танјуг.
„Нашата иднина е во ЕУ. „Украина е подготвена да влезе во НАТО“, рече Зеленски.
Самитот на европската политичка заедница чиј домаќин е Молдавија се одржува на околу 20 километри од границата со Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…