Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за телевизијата „Фокс њуз“ изјави дека доколку Украина добие ракети „Томахавк“ од САД, тие ќе бидат користени само против воени цели во Русија, а не против цивилни.
Зеленски го даде ова уверување во време кога американскиот претседател Доналд Трамп размислува дали да му ги достави на Киев овие ракети.
Крстосувачките ракети „Томахавк“ имаат дострел од 2.500 километри, што значи дека украинските сили би можеле да ги користат за гаѓање длабоко во територијата на Русија, вклучително и главниот град Москва.
Трамп во понеделникот изјави дека пред да се согласи на испорака на „Томахавк“, би сакал да знае како Украина има намера да ги употреби, бидејќи не сака да ги ескалира воените дејствија.
Кремљ денеска изрази загриженост за можноста САД да го снабдат Киев со ова оружје и предупреди дека војната достигнала драматичен момент со ескалација на тензиите од сите страни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во стан кај Клинички центар –…
МВР информира дека вчера попладне во 16:20…
Шест лица повредени, четворица од нив се…
На 03.10.2026 во 22:10 часот, во ОВР…
Ѓорѓиевски бара постапување: Кобилата и ждребето се…
Утрово нѐ затекна веста за кобила која…
Арагчи: На секоја нова воена акција Иран…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Сајбернапади врз јужнокорејски банки: претседателот нареди сеопфатна…
Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг нареди темелна истрага…