НЕОЧЕКУВАНО ОТКАЖАН ГОВОР: Нешто се случи во последен момент, Зеленски го откажа видео обраќањето во Конгресот на САД

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неочекувано го откажа за денеска закажаното обраќање пред американскиот Конгрес поради настан „во последен момент“, изјави лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер.

– Зеленски не може да се појави на нашиот брифинг во 15 часот, нешто се случи во последен момент, изјави Шумер на новинарите.

Украинскиот претседател требаше преку видео врска да зборува пред американскиот Конгрес со надеж дека ќе влијае на Конгресот да одобри нов пакет помош за неговата земја.

Вашингтон дава најголема воена помош за Киев, и даде десетици милијарди долари од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Но, ветувањето на американскиот демократски претседател Џо Бајден дека ќе продолжи со финансиска поддршка на Украина е сериозно доведено во прашање, што би било погубно за Киев, чија разочарувачка контраофанзива не ги донесе очекуваните територијални придобивки.

Американскиот Конгрес, кој досега одобри огромни пакети воена, хуманитарна и макроекономска помош за Киев, е составен од два дома. Републиканците имаат мнозинство во Претставничкиот дом, а голем број од нив бараат итно да се прекине помошта за Киев.

Во Сенатот, каде демократите се мнозинство, опозициските републиканци се за поддршка на Украина.

Украинските власти велат дека им треба повеќе оружје за да избегнат руски напади кои ќе ја уништат енергетската инфраструктура и ќе остават милиони луѓе во темница оваа зима, како што се случи минатата година. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Провинцијата Алберта во Канада убедливо го отфрли…

Канадската провинција Алберта категорично го отфрли планот…

Хегсет бил во Израел на необјавена средба…

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, вчера…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

(Видео) Протестите во Италија ескалираа – владата…

Италијанската влада ќе испрати 500 армиски војници…

ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…

Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…