Зеленски не кажува дали e подготвен за прекројување на границите
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес избегна директен одговор на прашањето на новинар во Овалната соба на Белата куќа, каде што се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, „дали ќе испрати повеќе луѓе во смрт или е подготвен да ги прецрта границите“.
„Ви благодарам за прашањето“, рече Зеленски и повтори дека неговата земја мора да најде дипломатски начин да ја заврши војната, изразувајќи подготвеност да учествува на трилатерален состанок со Трамп и Путин, објавува „Њујорк тајмс“.
Потоа Зеленски рече дека 18-месечно дете е убиено во денешниот руски напад врз Харков, нагласувајќи ја потребата од запирање на војната преку дипломатски средства.
Трамп претходно изрази увереност дека може да обезбеди заедничка средба со Путин и Зеленски ако денешните состаноци во Белата куќа „одат добро“.
„Постои разумна шанса за завршување на војната преку таков трилатерален состанок“, рече американскиот претседател.
Тој, исто така, изјави дека прекинот на огнот во Украина не е неопходен за преговори за завршување на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја претстави сопствен ChatGPT, но политичките…
Северна Кореја претстави сопствен четбот со вештачка…
Санчез ја заврши кампањата со апел: Да…
Шпанскиот премиер во заминување, социјалистот Педро Санчез,…
Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…
Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…
(Видео) Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме…
Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме пред…
Зеленски со указ забранува медиумите да известуваат…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со…