Објавено на:

Зеленски: Не сме во состојба целосно да го обновиме националниот енергетски систем

t

Украина не е во состојба целосно да го обнови националниот енергетски систем, кој беше оштетен од руските ракетни напади, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи ги своите граѓани да се справат со ситуацијата.

„Украинците не треба да заборават дека сега е невозможно да се обнови 100 отсто од енергетскиот систем како што беше порано“, рече украинскиот лидер во видео обраќањето во средата вечерта.

„Ни треба време. Затоа, распоредите за исклучување остануваат во повеќето градови и региони“, додаде тој.

Руската војска почна да ги гаѓа клучните елементи на електричната мрежа на Украина во октомври, неколку дена по бомбардирањето на мостот на Крим.

Украинската влада ги повика граѓаните да ја намалат потрошувачката на електрична енергија и воведе постојани ограничувања на електричната енергија за да го одржи енергетскиот систем функционален. Украинскиот премиер Денис Шмигаљ изјави во средината на ноември дека приближно половина од националната мрежа е оневозможена од руските напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Пентагон: Украина ќе ја добие помошта за…

Откако американскиот Конгрес го одобри пакетот воена…

Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош…

Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош…

Американски милијардер: Украина ќе доживее крах –…

Американскиот милијардер Дејвид Сакс, по усвојувањето во…

Шолц: Војната во Украина би можело да…

„Никој не може да каже дали оваа…