Објавено на:

Зеленски не ја дава претседателската фотелја: Сега не е време за избори

t

Во своето традиционално вечерно обраќање до нацијата, Володимир Зеленски рече дека сега не е време за изборна кампања, сите ресурси треба да се насочат кон одбрана на државата.
„Сите разбираме дека сега е време на војна, кога има многу предизвици, апсолутно е неодговорно толку несериозно и разиграно да се вметнува изборна тема во општеството“, рече Зеленски во својот говор.

„Верувам дека сега не е време за избори. И ако треба да се стави крај на некој политички спор и да се продолжи работата обединето, државата има структури кои се способни да стават крај и да му ги дадат на општеството сите потребни одговори, за да нема простор за конфликти и некој туѓа игра против Украина“, додаде украинскиот претседател.


Неодамна медиумите шпекулираа дека командантот на вооружените сили на Украина Валериј Залужни би можел да се појави на претседателските избори, кои се планирани да се одржат во март следната година. Згора на тоа, во последните денови украинскиот генерал е многу присутен во западните медиуми и многумина мислат дека Западот би можел да си поигра на него на следните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…

(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…

600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…