Зеленски ни го губи времето, не сака мир, вели американскиот државен секретар
Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се извини по неговата расправија со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
Зеленски треба да се извини што ни го изгубивме времето за средбата што заврши на овој начин. Многу јасно ставивме до знаење кој е нашиот план, а тоа е да ги доведеме Русите на преговарачка маса, истакна Рубио во интервју за Си-ен-ен.
Тој додаде дека во изминатите десет дена во сите контакти со Украинците имало компликации, вклучително и јавни изјави на претседателот Зеленски, при што се поставува прашањето дали украинскиот претседател е подготвен за мир.
Можеби не сака да склучи мировен договор. Тој вели дека го сака тоа, но можеби и не, истакна Рубио, додавајќи дека „овој начин на поткопување на мировните напори е многу разочарувачки“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…