Зеленски објави видео: Воени заробеници се вратија дома во Украина!
Украина денеска го потврди враќањето на првата група воени заробеници од Русија, меѓу кои има сериозно повредени и војници и лица помлади од 25 години.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека размената е извршена во согласност со договорот постигнат за време на директните преговори со Русија во Истанбул на почетокот на месецот.

Според договорот, двете страни се обврзаа да разменат најмалку 1.000 воени заробеници, со посебен акцент на сериозно повредените и млади војници.

Исто така, беше договорено да се разменат останките на 6.000 загинати војници од двете страни.

И покрај овој хуманитарен напредок, преговорите за прекин на огнот се во застој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…