Зеленски: Оваа недела може да биде тешка, терористите планираат нови напади

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека верува оти оваа недела би можела да биде тешка како и минатата, бидејќи Русите подготвуваат нови напади.

– Терористите подготвуваат нови напади. Тоа сигурно го знаеме. И додека имаат проектили, тие нема да запрат, за жал … Следната недела може да биде тешка како и минатата. Нашите одбранбени сили се подготвуваат. Целата земја се подготвува. Ги разработуваме сите можни сценарија, вклучително и консултации со нашите партнери, рече тој.

Зеленски ги повика Украинците да ги почитуваат безбедносните мерки за време на сирените за воздушни напади и да им помагаат на луѓето околу нив секогаш кога е можно.

Тој додаде дека во повеќето региони ќе се спроведуваат само редовни исклучувања на струја.

– Ситуацијата е под контрола, нагласи тој.

Зеленски додаде и дека ситуацијата на фронтот сè уште е многу тешка, особено во регионот на Доњецк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…

Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Апасиев до власта: Не одите уште долго…

*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…